Енергетската ефикасност ветува раздвижување!
Нови 10.000 работни места ќе бидат отворени во наредните седум години како резултат на примената на новите строги мерки за енергетска ефикасност.
Европските регулативи наложуваат до 2020-та да се реновираат 1.100.000 квадратни метри односно 3% од постоечките приватни и 5% од јавните објекти.
„Се отвора нова ера во градежниот сектор… Ова ќе значи нови работни места за нас, ќе се зголеми продажбата на материјали, ќе се воведат нови поквалитетни материјали, ќе имаме и поквалитетни градби“ вели Сеад Кочан, претседател на Градежна комора при ССК.
„Ќе каже колку еден стан, една зграда, една куќа или било која институција троши енергија годишно… Ќе биде категоризиран според потрошувачката“ изјави министерот за економија, Ваљон Сарачини.
Од наредната година за да се добие градежна дозвола ќе мора да се приложи и елаборат за енергетска ефикасност. Веќе во септемрви 2.800 работници ќе почнат обуки за енергетски контролори.