Писателот Божин Павловски ја напушта МАНУ
Во колумна на Плусинфо, Павловски пишува дека заминувањето е во знак на протест поради гнилежот во државата и процесот на лустрација.
„Пред 25 години, кога си заминував од овој колнат простор, можев барем да се пофалам дека зад себе оставам импресивна бројка од 5 илјади наслови книги издадени на македонски јазик, во компанија основана лично од мене, и со пристоен фонд уметнички дела што имаа освоено многу домашни и три меѓународни признанија. Но и сега, кога во знак на протест, излегувам од Академијата на науките по 25 години активно членување, и од Друштвото на писателите по рамно 50 години, имам чувство дека во нашава средина постигнав добри резултати. Дури 52 изданија од мојот опус се објавени на странски јазици, што овозможи и за моите нови дела да не се користат никакви државни субвенции“ – пишува Павловски.