Џафери: „Ќе се ремонтираат леталата на АРМ“
Министерот за одбрана, Талат Џафери денеска најави ремонт на одреден број летала.
„Ремонтот треба да се спроведе до крајот на 2014 година и во тој контекст ги подготвуваме сите активности за навреме да почнат сите постапки имајќи ги предвид буџетските средства за таа намена“ рече Џафери.
Тој денеска беше во посета на Воздухопловната бригада и Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
„За разлика од претходните два, на третиот конкурс за пилоти се пријавиле 128 кандидати, од кои 120 ги исполнуваат бараните услови. Од првиот конкурс за обука на пилоти, е завршена основната фаза и се започнува во напредна обука, додека за оние кои се селектирани од вториот конкурс во тек е завршувањето на основната обука“ информира министерот.