Два случаи на маларија!
Во текот на јуни во Македонија се регистриани два случаја на маларија. Станува збор за македонски и за странски државјанин кои работеле во Гана и Сиера Леоне.
„Граѓаните кои одат на патувања во ризични земји во африканскиот, азискиот регион, Индија итн. каде што има маларија, чума, жолта треска, колера, вурисни хеморагични трески, потребно е пред и за време на патувањата, но и по враќањето да си го заштитат своето здравје и во рок од една недела да се јават на здравствен надзор во центрите за јавно здравје“ рече на прес конференција раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, Јованка Костовска. Таа нагласи дека најважно е навреме да се открие болеста.
Двата случаја со маларија не се јавиле на превентивни прегледи во центрите за јавно здравје и не им е дадена вакцина, или таблетки хелиопрофилакса, не земале антималарици кои ако ги употребувале немало да добијат маларија.