Петковски: Срамна е одлуката на судот!
Тито Петковски е незадоволен од одлуката на судот со која му беше пресудено да му плати на премиерот Груевски 650.000 или над 10.000 евра за нанесена душевна болка.
Тој денеска најави жалба на таквата одлука, а рече дека ќе ги информирал Републичкиот судски совет, ОБСЕ, како и сите познавачи кои се упатени во правната легислатива.
„ Со ваков суд, треба преку ред да не примат во Европската Унија. Само за споредба, истиот суд по сличен предмет, во кој ГЕМ го тужи Антонио Милошоски, судот веќе две години не може да го најде и да го доведе во суд“ рече Петковски.
Тој на прес конференцијата го презентира текстот од 27 февруари 2011-та година, изваден од владината архива, во кој премиерот Груевски потврдил дека: „Пред Букурешт одлучивме да го прифатиме предлогот на Нимиц и да го ставиме на референдум“.