Полесно до терапија за малигни заболувања!
Пациентите заболени од малигни заболувања сега ќе можат полесно да доаѓаат до терапија.
Пациенти со хормонски респонзивен рак на дојка и простата и за пациенти со тумори на гастроинтестинален тракт, Фондот за здравствено осигурување во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а во интерес на осигурениците го олесни начинот на обезбедување и подигање на терапија .
Имено, пациентите со дијагнози хормонски респонзивен рак на дојка (200 вкупно опфатени со овој предлог) и рак на простата (220 вкупно опфатени со овој предлог) досега еднаш месечно со специјалистички упат од матичен лекар доаѓаа на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за да ја подигнат соодветната терапија.
Новините предвидуваат осигуреното лице да ја добива наведената терапија, во која влегуваат лековите ароматаза инхибитори, таблетарна бифосфонантна терапија, LHRN агонисти и инхибитори на тестестерон, на секои три месеци со доставување на болнички упат кој ќе важи една година од денот на издавање. Болничкиот упат се доставува еднаш во годината, а потврдата за платен придонес на секои три месеци од денот на прегледот и подигањето на тромесечната терапија.