Плинска боца запали стан во Куманово, изгоре и сопственикот!
Објавено на 17 јули, 2013 во 12:06
По експлозија, најверојатно од плинска боца денеска околу 11 часот животот го загуби Божин Трајчевски (71) откако во неговиот стан избувнал пожар.
Пламените јазици целосно го уништиле станот во зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. Повредите со кои се здобил сопственикот, биле фатални за него.
Пожарникарите го изгаснале пожарот, а се врши увид од страна на истражните органи.