И денеска тропски температури!
Објавено на 27 јули, 2013 во 06:32
Сончево и многу топло ќе се задржи времето во текот на денешниот ден. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 14°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29°C односно до 38°C. УВ индекс 9.
И во Скопје, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 36°C степени. УВ индекс 9.