Од Трново побарано Грција да ја признае Македонија
Објавено на 28 јули, 2013 во 14:20
Здружението на Егејци во Македонија побара Грција веднаш да ја признае Македонија под уставното име, а со тоа и македонскиот народ и македонскиот јазик, со што еднаш засекогаш ќе се реши деценискиот спор меѓу Македонија и соседна Грција пренесе Плусинфо.
На пограничната средба во битолското село Трново на која учествуваа претставници на македонските здруженија од Албанија, Бугарија и Грција, е побарана и поголема ангажираност и признавање на уставното име и од Франција и Германија, пред сè, поради жртвите од Првата светска војна.
Потпретседателот на здружението Ѓорги Волчевски побара и другите соседни земји, Бугарија, Албанија и Србија да се надминат себеси и да ги решат сите наметнати спорови со Македонија.