Во Тирана принудно слетал авион кој летал од Рим за Скопје
Објавено на 29 јули, 2013 во 06:40
Авионот кој сообраќал на релација Рим – Скопје, вчера на пладне принудно слетал на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана.
При летот се појавил технички дефект на леталото..
Албански медиуми јавија дека 120-те патници на аеродромот останале околу два часа.
За тоа време бил отстранет дефектот на авионот.