Јавна расправа за законот за медиуми!
Законот за медиуми на јавната расправа ги подели и политичарите и медиумите. Различни ставови имаат и политичарите и новинарските здруженија.
Прашање е дали законот конечно ќе ја уреди фелата или ќе ги замолчи медиумите. Главните забелешки се однесуваат на казнените мерки, вклучувајќи го и одземањето на дозволата за работа, како и независноста на регулаторното тело – Агенцијата за медиуми која ќе го замени Советот за радиодифузија.
Од Асоцијацијата на националните медиуми велат дека медиумите се во служба на граѓаните и дека новиот закон треба да ја гарантира слободата на изразување.
И од Здружението на Новинарите на Македонија се изјаснија дека се за закон, но побараа во него да се вклучат сите забелешки и препораки.
Јавната дебата ќе продолжи утре со предлог-законот за медиумите.