Ад-хок комисијата уште е блокирана!
Политчка игра на нерви играат власта и опицјата. Илија Димовски од владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека неговата партија ќе била конструктивен дел од Комисијата за расчистување на настаните пред и на 24 декември во Собранието, како што беше и досега.
Тој повторно апелираше до СДСМ активно да се вклучи во овој процес.
СДСМ пак, смета дека ако требало Комисијата да работи без претседател, таа би почнала со работа уште на 16 март, а не на 11 јуни. „ СДСМ направи се, покажа политичка волја, испочитува се од мартовскиот договор, се врати во Собранието, предложи свои кандидати во Комисијата кои активно учествуваа во нејзината работа. СДСМ не може да ги преземе и одговорностите на власта и ВМРО-ДПМНЕ“ изјави генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски.