Претпладне сончево и многу топло, попладне услови за невреме!
Објавено на 30 јули, 2013 во 06:24
Тропски ден не очекува и денеска. Ќе биде сончево и многу топло, а попладне со услови за локални врнежи од дожд и засилен ветер.
Локално можна е појава на невреме. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер. Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 31°C до 41°C. УВ индекс 10.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Попладне со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 19°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 38°C. УВ индекс 10.
Во среда не очекува благ пад на максималните температури, но ќе продолжи сончевото и топло време.