И денеска сончево и топло време!
Објавено на 31 јули, 2013 во 06:30
Денеска не очекува сончево, топло и ветровито време . Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч.
Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 26°C до 36°C. УВ индекс 8.
И во Скопје сончево, топло и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 19°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 8.