Пратениците на одмор!
Објавено на 31 јули, 2013 во 12:56
Од 5 до 20 август пратениците во парламентот нема да заседаваат, аседници нема да одржуваат ниту собраниските комисии.
Според најавената агенда за одбележување на празникот Илинден, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе и ќе има обраќање пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје.
Парламентарни делегации на националниот празник ќе присуствуваат на прославите во Крушево и на Пелинце.