Денеска претежно сончево и топло!
Објавено на 1 август, 2013 во 06:32
Претежно сончево, топло и ветровито ќе се задржи времето денеска во земјава. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер.
Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 26°C до 36°C. УВ индекс 8.
Во Скопје ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 8.
Во наредните денови ќе биде сончево и топло со постепен пораст на температурите. Од сабота се враќаат тропските температури.