Драма со среќен крај на Охридско езеро
Објавено на 1 август, 2013 во 07:26
Вистинска драма се случуваше синоќа на Охридското Езеро, кога две момчиња 18 и 19 годишна возраст на гумен чамец носени од силните струи и ветрот исчезнаа во воденото простаранство, пишува Охрид њус. Тие околу 20 часот со гумениот чамец влегле во Езерото, а петнаесетина минути подоцна во охридската полиција било пријалено нивното исчезнување, по што започнала интензивна потрага.
Очевидец ја информирал полицијата за правецот на движење на чамецот, но ноќта ја отежнала потрагата. Патролата на Езерската полиција по повеќечасовна потрага, рано утрово во 5 часот ги нашла момчињата живи во близина на Св. Наум.
Повеќе информации за случајот што ја вознемири јавноста се очекуваат во текот на денот.