Власта ќе го менува уставот: Брак само меѓу еден маж и една жена!
Објавено на 1 август, 2013 во 12:06
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска достави предлози за проемна на Уставот кои предвидуваат бракот да биде дефиниран исклучиво како заедница помеѓу една маж и една жена.
Како што денеска информира пратеникот Влатко Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ, со овие предложени измени планира во рамките на Уставот да ја вгради можноста посвојување на деца да им биде дозволено исклучиво на заедница составена од родители од различен пол, како и од самохрани родители информираше денеска пратеникот Влатко Ѓорчев.
Тој смета дека нивната иницијатива има широка подршка од народот согласно традиционалните вредности и искажа надеж дека предложените измени ќе бидат прифатени од сите партии.
За ваква интервенција во Уставот потребно е подршка да даде и опозиционата СДСМ.