ЦУК: „Граѓаните да бидат внимателни за празничниот викенд“!
Објавено на 1 август, 2013 во 12:38
Центарот за управување со кризи во пресрет на празникот Илинден и продолжениот викенд, кога се очекува зголемена посетеност на излетничките и рекреативните места, апелира до граѓаните да се однесуваат внимателно кон околината, односно да не фрлаат отпадоци, да не палат оган, да не фрлаат догорчиња од цигари, стаклена амбалажа и слично, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.
Доколку граѓаните забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или чад, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на бесплатниот телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи.