Празничен сончев и топол ден!
Објавено на 2 август, 2013 во 06:34
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер.
Утринските температури од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 37°C. УВ индекс 8.
Во Скопје ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 34°C. УВ индекс 8.
Во наредните денови ке биде сончево и топло со пораст на температурите.