Македонија го слави Илинден
Објавено на 2 август, 2013 во 07:05
Македонија го слави 2-ри август. Македонскиот народ одбележува 110 години од Илинденското востание, 69 години од првото заседание на АСНОМ и 22 години од „третиот Илинден” од прогласената независност и сувереност на земјата.
Централната манифестација по повод двата историски Илиндена и годинава ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево. На неа ќе зборува премиерот Никола Груевски.
Претседателот Ѓорге Иванов ќе положи цвеќе во меморијалниот центар Пелинце а претседателот на Собранието,Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје.
Со тројцата највисоки раководители ќе бидат и министри и заменици министри, како и пратеници.