Вељаноски: Ние не сме куќа без темел
Ќе продолжиме по правецот кој сме го зацртале, но без притоа да заборавиме дека Македонија е една и неделива. Ние не сме без идентитет, семе без корен, куќа без темел, рече денеска во својот говор претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на одбележувањето на 110- годишнината на Илинден, пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто во Скопје.
Како што пренесува Плусинфо, Вељаноски порача дека отстапувањето не е дел од македонскиот ген.
– Отстапувањето пред предизвиците не е дел од нашиот ген. Не е во нашата крв која сите минати маки и потешкотии ја направиле дотолку посилна, дотолку поотпорна! Во историјата сме имале бројни непријатели, силни навидум непобедливи империи, но никогаш не сме отстапиле, никогаш не сме се поколебале. Ние како народ точно знаеме каде одиме, кои вредности ги споделуваме и каде природно припаѓаме. Тоа многу пати сме го кажале и покажале и ако треба уште толку пати ќе повториме. Сакаме да бидеме дел од Европската унија и НАТО и сите реформи и напори ги насочивме во тој правец. Но, и како народ знаеме уште нешто, а тоа е дека одиме натаму како што Илинден не научи да одиме, а тоа е цврсто, гордо, чесно и одговорно. Без самопочитта вредноста на секое остварување е значително намалена – рече Вељаноски
Фото: Плусинфо