Од денеска Македонија повторно ќе ја зафати топлотен бран
Објавено на 3 август, 2013 во 06:32
Од денеска земјава ќе биде повторно зафатена од нов топлотен бран, не очекуваат високи дневни температури и висока вредност на УВ индексот.
Во текот на денот ќе биде многу топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 28°C до 39°C. УВ индекс 9.
Во Скопје сончево, многу топло и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 19°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 35°C. УВ индекс 9.