ВИДЕО: Со помош на полицијата, уништено зеленилото кај Бристол
Објавено на 4 август, 2013 во 09:19
Околу 3.30 часот по полноќ со полициско обезбедување биле отстранети граѓаните кои кампуваа во паркчето пред хотел “Бристол“, за да може непречено да се исечат неколкуте стари стебла но и да се исчисти местото каде е планирана изградба на зграда за Советот за радиодифузија.
Полицијата употребила и сила за да ги острани граѓаните, а им биле одземани и мобилните телефони и фотоапаратите за да неможат да го документираат насилното однесување на полицијата.
Пред нешто повеќе од еден месец таму протестираа неколку граѓански здруженија кои се обидоа да го заштитат паркот од сеча.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=d82u6nhSLLw{/youtube}