Вонредна седница на советот на Центар за сечата кај „Бристол“
Договорена е вонредна седница за в среда на советот на општина Центар. Ваква одлука донеле градоначалникот Андреј Жерновски и претседателот на советот Мирослав Шиповиќ, огорчени од вандалскиот чин, кој се случи околу три и пол часот по полноќ, со сечењето на паркот спроти Бристол.
Седницата наместо во просториите на општината ќе се одржи на местото на каде е извршено злосторството, јави А1 он.
Градоначалникот на Центар Жерновски ги повикува советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денеска да се изјаснат дали се со граѓаните и ја почитуваат нивната воља или повторно ќе застанат зад желбите и вољата на премиерот. Го повикива и премиерот Никола Груевски да излезе денеска на самото место на злосторството , за да не каже после дека не видел и дека жали за тоа.
Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски најостро го осудуваат вандалскиот и кукавички чин . Специјалци и полиција го обезбедуваа местото додека моторните пили безмилосно го уништуваа едно од последните зелени катчиња.
„Злоупотребувајќи ја моќта која ја имаат ни ги врзаа Нам рацете, бидејќи овој објект е под целосни ингеренции на централната власт. Само за последните 10 години општинска власт, во Центарот на Скопје безмилосно уништија повеќе од 80 проценти од зеленилото.Наша обврска и заложба е да го зазалениме повторно Центар“, вели градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Извор: А1он.мк