Турција: Владата ја зацврсти контролата над армијата!
Објавено на 4 август, 2013 во 09:46
Нов воен врв именувал Врховниот воен совет на Турција. Со ваквите промени, сметаат аналитичарите, се докажа дека сега владата ја контролира армијата.
Хулуси Акар е именуван за командант на копненинте сили, морнарицата ќе ја води Булент Бостаноглу,со воздухопловството ќе раководи Акин Озтурк, додека за полицијата одговорен ќе биде генерал Сервет Јорук.