Вечерва ќе се протестира пред „Бристол“
Објавено на 4 август, 2013 во 14:22
Како реакција на одлуката на власта со полициска астистенција, а наспроти желбата на граѓаните да се уништи паркот пред хотелот “Бристол“ вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи протест.
Иако е паркот уништен, граѓаните се испровоцирани од овој чин на властите, па својот гнев и очај ќе го изразат преку мирен протест на кој ги повикуваат сите оние кои не се согласуваат со уништувањето на зелените површини на сметка на барокни објекти, јавуваат македонските медиуми.
Таму сè уште се наоѓаат активистите на организацијата „Одраз“ и на „Плоштад Слобода“ кои преноќуваа на локацијата во неуспешниот обид да го заштитат паркот.