Четврток неработен ден за сите граѓани!
Објавено на 4 август, 2013 во 14:27
Министерството за трд и социјална политика соопшти дека првиот ден на Рамазан Бајрам – 8 Август(четврток)ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија.
Од министерството нагласуваат дека ваквата одлука е во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, а на сите верници од муслиманска вероисповед им го честитаа празникот Рамазан Бајрам.