До петок топло, од сабота дожд и пад на температурите
Објавено на 5 август, 2013 во 06:24
И денеска ќе имаме тропски ден. Ќе биде сончево, многу топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 30°C до 41°C. УВ индекс 9.
Во Скопје ќе биде сончево, многу топло и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна температура ке достигне до 37°C. УВ индекс 9.