Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица
Објавено на 5 август, 2013 во 07:05
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.