Жерновски го повика Груевски да објасни зошто ги исече дрвјата во Центар
Градоначалникот Андреј Жерновски, на синоќешниот мирен протестна местото на сечата на дрвјата во Центар рече дека власта покажува сила која не признава граници кон сите граѓани во Македонија, пренесе Фактор.мк.
„ И тоа направено навечер во ист период кога пред извесно време пред изборите беше донесена од претходното раководство промената на ДУП-от, со кој беше овозможено да се уништи ова зеленило и да се изградат згради кои не знам за што и служат на оваа власт. Сакам да им порачам на граѓаните на Македонија дека оваа демонстрација на сила не ги засега само жителите на Центар зошто очигледно имаме работа со власт која има изгубено контакт со граѓаните и со реалноста и чие самовилое не признава граници“, истакна Жерновски.
Тој и порача на власта ако и треба објект таков постои и ја посочи напуштената зграда на стотина метри од паркот во која можат да се преселат, доколку сакаат.
„Ова е објект во надлежност на централната власт, се надевав дека нема да претераат, но тоа не се случи“ рече Жерновски.
Тој повика, во среда на седницата на советот на општината која ќе се одржи во паркот да дојде и премиерот Груевски за да објасни зошто и со која намера, како што рече, го узурпира центарот на градот.
Фото: А1.он