Почна судењето за „Керозин“
Објавено на 5 август, 2013 во 13:23
Започна судењето за шеснаесеттемина обвинети во случајот „Керозин“. Денска сведочеше првообвинетиот, Ангел Пецов.
Тој пред судот тврдеше дека тој и неговото семејство се невини.
„ Јас и моето семејство не сме злосторничко здружување, не верувам дека постои човек кој би формирал семејство за од него да направи банда, рекол Пецов во својата одбрана пред Кривичниот суд“ јави 24 вести.
Пецов и останатите од „Керозин“ се товарат за малверзации на компанијата „Алма комерц“ која им продавала нафта за греење на државни и јавни институции. Според обвинението, тие организирано во група преку фирмата, наплатувале колку што било предвидено во тендерот, а испорачувале помалку нафта отколку што требало.