Стршени убија триесет годишен маж во Охридско
Објавено на 5 август, 2013 во 16:08
Од убоди од стршени, претпладнево во Охрид почина 30 годишниот Б.Јосифоски, пренесе Лихнид. ком.
Неофицијално настанот се случил над селото Врбјани каде Јосифоски бил на сеча на дрвја и несакајки го погодил осилото.
Веднаш била повикана итна медицинска помош од Кичево, но за жал тие само констатирале смрт.
Полициски екипи на СВР извршиле увид на лице место.