И денеска тропски температури!
Објавено на 6 август, 2013 во 07:02
Сончево и многу топло ќе биде времето денеска во Македонија Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29°C односно до 40°C. УВ индекс 9.
Во Скопје исто така ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура од 19°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 36°C. УВ индекс 9.