Фондот ќе ги дистрибуира електронските здравствени картички
Објавено на 9 август, 2013 во 12:34
Фондот за здравство ќе ги дистрибуира електронските здравствени картички до вработените осигуреници. Тоа повеќе нема да биде обврска на фирмите. Од Фондот соопштија дека станува збор за фирми кои имаат вработено повеќе од 100 работници.
Досега се дистрибуирани 615.000 електронски здравствени картички, 360.000 се изработени и се во постапка на дистрибуција, 380.000 податоци се доставени до фирмата што ги изработува и се во постапка на изработка, а 110.000 барања се во постапка на обработка во ФЗОМ.