Подигнато обвинение против Паско Кузман
Објавено на 13 август, 2013 во 15:05
Обвинителството за организиран криминал подигнало обвинение против сите шеснаесетмина во случајот „Фаланга 2“, објави Канал 5.
Меѓу нив, последен на списокот, е поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман. Штом обвинението ќе стане правосилно, во септември, ќе треба да почне судењето во скопскиот кривичен суд.
Паско Кузман, пред повеќе од еден месец, беше уапсен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба односно дека спротивно на законот издал согласност на приватни лица за ископување на две локации, во катлановско и во делчевско.