Тешка сообраќајка кај струмичко Ново село
Објавено на 14 август, 2013 во 08:43
Шеесет и двегодишниот М.П. од струмичко Ново Село, загинал утрово во сообраќајна несреќа која се случила на магистралниот пат Струмица – Ново Село.
Според полицијата, утрово околу 5 часот, од засега непознати причини, возилото Опел Вектра кое го управувал М.П. се судрило со автобус.
Од тешките повреди, веднаш починал возачот на автомобилот.