Малик Обама денеска пристигнува во Македонија
Објавено на 14 август, 2013 во 08:49
Во Македонија, денеска, ќе пристигне полубратот на американскиот претседател, Барак Обама, Малик Обама.
Тој е поканет од Меѓународната асоцијација „Балкан клуб на мирот“ за да ја прими повелбата за мир.
Асоцијацијата решила својата втора повелба да и ја додели на фондацијата Барак Обама Хусеин, која го носи името на таткото на американскиот претседател и таа ќе му биде доделена на Малик Обама в четврток во хотелот Александар Палас.
Потоа тој ќе замине на мини балканска турнеја.