Да се повлече законот за медиуми бара ЦРМ
Објавено на 14 август, 2013 во 13:04
Центарот за развој на медиуми смета дека предложениот Закон за медиуми треба да биде повлечен, а доколку тоа не се случи предлага 68 амандмани.
Своите предлози Центарот ги испратил до Собранието, до политичките партии, до Министерството за информатичко општество администрација и до Секретаријатот за европски прашања.
„Центарот за развој на медиуми го следи процесот на донесување на новото законодавство кое се однесува на медиумите и на сите јавни расправи што беа досега организирани јасно го изрази своето несогласување со регулација на печатените и електронски медиуми“, пишува во писмото на Центарот за развој на медиуми.