Николовски: „Стандардот на АРМ на најниско ниво досега“!
Пензионираниот генерал мајор Илија Николовски денеска изнесе оценка дека стандардот на АРМ бил на многу ниско ниво, далеку под очекувањата.
„Јас сум еден од основачите на АРМ и можам да ви кажам дека состојбата во 1994-95-та година беше многу подобра од сега.Постои незадоволство и кај офицерите и ние тоа го забележуваме,вели Николовски. Тој укажува дека состојбата може да се подобри единствено со поголем буџет.Забележува дека армискиот буџет сега е помал од полицискиот,што нема логика затоа што армијата е главен носител на реформите за влез во НАТО.
„Срамота е министер во заминување,при примопредавањето да му порача на својот наследник да ги облече војниците,како што тоа го направи Бесими. Наместо да зборуваме за модернизација на Армијата,ние зборуваме како да ја облечеме и нахраниме војската,рече Николовски. Во неврзаниот разговор што му претходеше на ручекот, министерот и началникот им порачаа на генералите дека не се заборавени, дека нивното искуство е добредојдено, а Армијата и понатаму останува нивен дом. Работниот ручек со пензионираните генерали е традиционален и се одржува секоја година по повод денот на АРМ.
Извор: Телма