Средба Заев-Рејчел
Објавено на 15 август, 2013 во 11:31
Претседателот на опозиционата СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со специјалниот претставник на Германија, Ернст Рејчел. На средбата станало збор за лошата состојба со слободата на медиумите, како и проблемот со непрестано поткопување на демократијата во земјава, а се зборело и за лошата економска состојба во земјава.
Специјалниот претставник на Германија, Рејчел, ја изразил својата поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија.