Министерот Ристовски се закани со санкции за секој незаконски доделен студентски кревет
Објавено на 15 август, 2013 во 15:34
Заврши аплицирањето, во првиот рок, за сместување во студенските домови. Апликанти се студентите од втора, трета и четврта година. Според министерот за образование и наука Спиро Ристовски пристигнати се над 5.000 апликации за студентските места во сите студентски домови во Македонија. Од 19 август ќе поднесуваат документи бруцошите и нема да се толерираат злоупотреби.
– Секој што ги исполнува критериумите ќе добие место во студентскиот дом, а тие што не ги исполнуваат услови нема да добијат. Доколку се констатира дека некој ја злоупотребил својата позиција ќе биде соодветно санкциониран, а не е исклучено и негово разрешување, истакна Ристовски