СДСМ бара да прекине делењето на студенските легла по партиски клуч
СДСМ го прозва министерот Ристовски да не упатува празни апели и повици до надлежните за фер распределба на местата во студентските домови туку да преземе конкретни мерки за спроведување на законска и транспарентна постапка.
„Денешната изјава на министерот Ристовски, во која што тој одговорноста за распределбата на местата во студенските домови ја префрлува на управителите на домовите, комисии и слично, за отвора сомнеж дека и годинава студентските легла ќе се делат по партиски клуч.
Ако власта е искрена во определбата за транспарентност, тоа може да го направи едноставно, користејќи современи софтверски решенија за распределување на студентските легла. Со години јавноста е сведок дека распредлабата на леглата во домовите се одвива исклучиво во интерес на партиските членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Досега, за ова, никој не е санкциониран ниту разрешен“ реагира СДСМ.
Опозициската партија бара Владата да го прекине партизирањето и на студентските домови и изборот на студентите кои имаат најголема потреба од легло во домовите да го направи со компјутерска селекција како во сите современи земји во светот.