Одбележан денот на АРМ
Началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котевски на денешната свеченост по повод одбележувањето на денот на АРМ нагласи дека никој нема право да нанесува штета на се што изминативе години трпеливо и напорно е создавано и градено, особено не по угледот и рејтингот кој Армијата го ужива.
„ Од воена гледна точка, како армија дадовме максимум за НАТО, ги постигнавме стандардите, ги поддржуваме, соработуваме, ценети сме од партнерите и ние не можеме ништо повеќе да дадеме и направиме. Останува од нас како Армија да придонесуваме во регионалната и меѓународната безбедност и да ја одржуваме кондицијата и напредокот штоп сме го стекнале. Не се откажуваме од нашата стратегиска цел да станеме дел од воено-политичката алијанса, чија одлука не зависи само од воената, туку и од политичката елита“ рече Котески.
По повод денот на АРМ, дваесетина старешини беа унапредени во чин полковник, потполковник и мајор, а беа врачени и плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ.