Поради сообраќајка,во прекин сообраќајот на патот Удово – Демир Капија
Од 07:20 часот на магистралниот пат А1 Удово-Демир Капија кај м.в.„Света Петка“, сообраќајот е во прекин во двата правци поради случена сообраќајна незгода.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.
Поради зголемената фреквенција на граничните премини можни се задржувања до 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кајс.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.