Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен, на обиколницата кај Битола
Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.
Од АД Бетон известуваат дека поради изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до с. Маврово ќе биде затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеци почнувајќи од 16.04.2015 година. Сообраќајот за лесни возила ќе се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за Транспорт и Врски. Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
На регионалниот пат Гевгелија – Смрдлива вода, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште.
На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково – с.Сарај, а сообраќајот на овој патен правец за ТТВ се одвива по заобиколен пат.
На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с.Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.
Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.
На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.
На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.