ЕУ заклучоци за Македонија
Советот за општи работи на Европската унија денеска треба да ги усвои заклучоците за Македонија, јави Радио Слободна Европа.
Во нив, како што дознаваме од дипломатски извори во Брисел, ќе биде изразена длабока загриженост за влошувањето на ситуацијата во земјата, посебно во областа на владеење на правото, фундаменталните права и слободи на медиумите.
„Советот ги повикува сите страни да продолжат со зададените одговорности и да преземат итни мерки за пронаоѓање одржливо решение, притоа конструктивно да се заложат за обнова на политичкиот дијалог и да ја вратат довербата во институциите врз основа на соодветни политички чекори.
Советот, како што се додава, ја поздравува вклученоста на ЕП во разговорите меѓу власта и опозицијата и ги повикува двете страни да покажат воздржаност и да се фокусираат врз што поскоро пронаоѓање решение за политичката криза во земјата.