Мигрант од Авганистан, нова жртва на македонските пруги
Објавено на 25 април, 2015 во 09:31
Воз удрил во 62-годишен мигрант од Авганистан синоќа во населбата Илинден, извести скопската полиција . Мигрантот бил презаген од меѓународниот воз што сообраќал на релација Скопје-Солун-Белград. Авганистанецот имал тешки повреди и е префрлен во Ургентен центар.
Ова е втора железничка несреќа за два дена во Македонија. Завчера исто така меѓународен воз прегази 14 мигранти од Сомалија и Авганистан.