Гласаа затвореници и притворени лица на референдумот за ГТЦ
Објавено на 25 април, 2015 во 10:12
45 затвореници и притворени, кои се жители на општина Центар го искористија правото на глас за референдумското прашање кое се однесува на изјаснување за изгледот на ГТЦ, дело на починатиот архитект Живко Поповски, пишува Нова ТВ.
Гласаа лица од истражните затвори Шутка, Куманово, Идризово и Штип. Записниците се под надзор и ќе бидат отворени утре по 19 часот, соопштува ДИК.
Изборниот материјал со референдумското прашање е веќе доставен во 78 избрирачки места на територијата на Општина Центар.