Средношколците ја поминаа ноќта во шатори
Триесетина средношколци ја поминаа ноќта во шатори во паркот пред Министерството за образование, откако пропаднаа преговорите со министерот Адеми.
Во шатори преспаа само полнолетните средношколци. Во текот на вечерта, се играа шах и карти, се водеа дискусии. Средношколците изјација дека во протестот ја имаат поддршката на родителите.
Претпладнево на кампувачите е најавено да им се придружат уште средношколци, кои денот ќе го поминат во инмпровизираната камп населба. Се надеваат на нови разговори со власта, иако вицепремиерот Владимир Пешевски рече дека за владата, овој состав е нелегитимен.
По вчерашните разговори и министерот за образование Абдулаким Адеми апелираше до родителите пред се’, да ги повикат нивните деца на разум.
Средношколците бараат враќање на старото решение за полагање на матура и укинување на екстерното тестирање. Во некои училишта наставата се бојкотира веќе трета недела.